Загадување на водите
Во повеќето случаи, загадувањето на слатките води е невидливо бидејќи загадувачите се растворени во водата. Но постојат и исклучоци: пенестите детергенти, но и нафтените производи кои пливаат на површината и неисчистените водотеци (речни корита, канали). Постојат неколку природни загадувачи. како на пример: Соединенијата на алуминиум кои се наоѓаат во земјата.
Секоја година во водните басени се внесуваат илјадници хемиски материи со непредвидливо дејство, од кои повеќето се нови хемиски соединенија. Специфичните загадувачи кои ја загадуваат водата се различни хемикалии, патогени, како и физички или сензорни промени од типот на покачена температура и обезбојување. Иако многу од хемикалиите и супстанците кои се регулираат можат да се сретнат во природни услови.
Испуштањето на непрочистени отпадни води од домаќинствата доведува до микробиолошко загадување на водата. Според проценките на C3O, 80% од заболувањата во светот се причинети од несоодветен квалитет и антисанитарната состојба на водата. Во селските области, проблемот со квалитетот на водите е особено голем — околу 90% од сите селски жители во светот постојано употребуваат нечиста вода за пиење и капење.
bravo dimitar!
ReplyDelete